Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Чаир и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, завчера околу 6:15 часот во село Визбегово по обезбедена судска наредба, извршија претрес на дом и други простории кај А.А.(29) и кај Б.Ќ.(30), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.

Имено, кривичното дело двајцата го извршиле на 21.01.2022, при што со закана со нож и пиштол од таксист од Скопје одзеле пари и мобилен телефон.

При претресите кај двете лица биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. А.А. и Б.Ќ. биле лишени од слобода, против нив е изготвен поднесок, а од страна на судија определена им била мерка притвор.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2022 03:15