На 29/30.01.22 во периодот од 22.00 до 03.00 часот полициски службеници од СВР Битола на подрачјето на СВР Битола,ПС Ресен и ПС Македонски Брод спроведоа акциска контрола за управување возило под дејство на алкохол. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 15 прекршоци.

Притоа, најголемиот број од нив се на подрачјето на Битола – 10, на подрачјето на Ресен – 4 и една на подрачјето на Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и 24 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2022 16:27