ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека повторно ќе спроведе акција за наплата на долговите без пресметка на камата.
Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 1 фервруари заклучно до 15 март 2022.
-Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката престанува да важи, наведуваат од ЈП Водовод и канализација.
Имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, повикуваме на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје, при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите.
За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контакт на:
– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
– 02 3240 300, Дирекција – kontakt@vodovod-skopje.com.mk
– www.vodovod-skopje.com.mk – www.facebook.com/jpvodovod.skopje.