Во спроведена акциска контрола за санкционирање на кривични дела и прекршоци од законот за оружје на повеќе локации во Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово, полицијата заедно со вработени во ЈП „Национални шуми“ и Шумската полиција, одзела две ловечки пушки и 15 ловечки патрони калибар 12 милиметри во Радовишко.

Според портпаролката на СВР Струмица Алексдандра Трајанова, покрај одеземенето оружје и муниција во Радовиш било констатирано едно кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик, два прекршоци од Закон за оружје и еден прекршок од Закон за прекршоците против јавниот ред и мир.

По документирањето на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2022 14:22