Затвореник стекна слава на Тик-ток откако почна да објавува видеа како готви во ќелијата. Тој покажа оти знае да приготува пилешка чорба, кари, палачинки и шпагети болоњезе, а едно од тие видеа собра 1,2 милиони прегледи, пред профилот да му биде укинат.

Според наводите, затвореникот користел мобилен телефон и интернет од установата за да ги снима и прикачува своите готварски видеа, а тоа е забрането во затворот. Се чини, затворските службеници го информирале Тик-ток, па оттаму го деактивирале профилот.

Дел од видеата се зачувани и прикачени на Јутјуб. На едно од нив, тој во прилично импровизирани услови, прави минипалачинки.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2022 15:58