Наследениот долг е најголемо отпретување на буџетот за 2022 година, посочи градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во „Топ тема“. Тој вели дека од старт има 220 милиони кои се резервирани средства и не можат да се користат за реализација на проекти. Стојкоски е дециден е дека не може да се фокусира само на тој проблем, туку целта е да има резултати од неговата работа и да се реалзираат проектите.
„Најголемиот проблем во делот на буџетот е тоа што е оперетен со претходно преземени обврски, кои се доспеани за плаќање, преку 115 милиони денари, затекнати како долг. Тие мора да се конфигурираат во рамки на буџетот за 2022 година и дополнително на тоа, 100 милиони плус кои ги преземавме од минатата година во оваа буџетска година, по однос на склучени договори во наредниот период кои ќе гледаме во најголем дел да не се реализираат каде не е неопходно. Тоа се околу 220 милиони, средства од старт резервирани и го отпретуваат буџетот за работа на Ѓорче Петров“, кажа Стојкоски.
Доспеаниот долг на Ѓорче Петров кој мора да се подмири бидејќи рокот за плаќање на фактурите е изминат е 2 милиони евра.
„Со таква структура на долг и приходи какви што ги имавме, еве за почетоков кој е катастрофален во делот на приходите, дополнително со сите овие кризи, како енергетска, здравствена, навистина финансиски ќе ја оптовари со проблеми работата. Но тоа не претставува пречка и изговор за да ние функционираме тековно онака како што треба. Силно сме фокусирани на проектите. Не можам јас како градоначалник да се фокусирам само на долгот и да кажам: ‘океј, имам долг и сега тоа е’. Напротив, еве работиме, евидентни се резултатите. Долгот само од доспеани фактури се 115 милиони денари или 2 милиони евра“, додаде Стојкоски.