Ние започнавме од самиот старт со капитални проекти кои што ни беа веќе ветени во програмата. Таков еден би го нарекол депонијата во Ново Село, покрај предвидените 7 хектара од прилика, ние успеавме да исчистиме многу повеќе околу 11 хектари, или 40.000 метри квадратни плус од тоа што ни беше планирано, вели градоначалникот на Општина Ѓорче Петров во гостување во емисијата „Топ тема на Ваша страна“ на ТВ Телма.

Стојкоски истакна дека на локацијата каде претходно имало дива депонија во Ново Село ќе започне со изградба на нов мега парк, истакнувајќи дека како општина не може да се ослонат само на средствата од општината, туку дека бараат и дополнителни извори на финансирање преку ИПАРД и Светска Банка.

Дополнително во еден дел успеавме да го санираме течението на реката Лепенец и еве сега сакам да најавам пред јавноста отпочнуваме со реализација на проект за нов мега парк во Ѓорче Петров,на локацијата на поранешна веќе депонија во Ново Село, кажа тој.

Ние не можеме да се ослониме само на средствата од нашиот буџет, бараме и други извори на финансирање. Ги јакнеме капацитетите на Секторот за локален економски развој, бидејќи како општина сме поволни за меѓугранична соработка и веќе тераме проект за изградба на нова пречистителна станица во село Орман, истакна Стојкоски.

Имаме услови како општина да ги користиме средствата од ИПАРД-компонентата, достапни ни се средства од Светска банка, така што, инфраструктурно ќе се насочиме да бараме средства за долгорочно финансирање преку овие институции, додаде Стојкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2022 06:45