Денеска (1 февруари) од 9 до 14 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои не пропуштаат пешаци на пешачки премин.

Во контролата, откриени и санкционирани се 16 возачи (ТЕ-10 и ГВ-6) кои не им дале предност на пешаците. На сите им се изготвени соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со законски предвидените парични глоби.Во акциската контрола биле санкционирани и 9 други видови сообраќајни прекршоци ( ТЕ-7 и ГВ-2).



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2022 04:17