Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија во Белград го уапсија О.Ж. (1984) по потерница од Македонија за издржување затворска казна за убиство извршено во С.Македонија, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Постапката против О.Ж., на барање на Министерството за правда на Северна Македонија, а согласно Законот за меѓународна правна помош во кривична материја, е префрлена на српските правосудни органи.

О.Ж. е уапсен по барање на Министерството за правда на Македонија, а ќе биде изведен пред Вишиот суд во Белград според потерницата распишана од Македонија за издржување затворска казна за кривично дело убиство.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2022 05:52