Осомничени милиции нападнале камп за внатрешно раселени лица во источниот дел на Демократска Република Конго (ДРК), убивајќи најмалку 60 луѓе, јави Ал Џазира, повикувајќи се на локални извори и групи за набљудување човекови права.

Нападот се случил во текот на ноќта во немирната провинција Итури, која е под опсада од мај 2021 година, исклучителна мерка преземена од владата за борба против вооружените групи кои талкаат по источниот дел на земјата, богат со минерали.

Локалните власти денеска рекоа дека милицијата убила најмалку 60 луѓе во кампот за раселени лица.

– Во моментов знаеме за 60 луѓе во засолништата за раселените кои беа убиени со мачети и друго оружје со острици, рече Ндало Буџ, кој е шеф на кампот.

Шарит Банза Бави, претседател на локалната хуманитарна група за областа Бахема-Север, соопшти за 63 убиени, додека сведок, исто така, ја потврди изјавата, пренесува Ал Џазира.

Четири лица се пренесени во болница, според Пило Мулиндо, началник на поглаварството Бахема Н’адер.

Засега никој не презеде одговорност, но Будз рече дека борците од вооружената група Задруга за развој на Конго, позната како КОДЕКО, пристигнале на локацијата за раселени лица во Плајн Саво и употребиле мачети и друго оружје за да убијат десетици луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2022 14:42