Дваесет и три годишен жител на селото Петралица, Општина Ранковце бил уапсен во раните утрински часови поради физички напад на негов соселанец.

-На втори февруари околу два часот и четириесет минути полициски службеници од полициската станица во Општина Ранковце го лишиле од слобода дваесет и три годишниот А.И. од село Петралица поради нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и лицето А.А, триесет и три годишен, жител на истото село, како и поради агресивно однесување, информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Куманово, Ивана Младеновска.

Од настанот е направен записник за констатиран прекршок според член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и против сторителот ќе бидат превземени соодветни мерки.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2022 15:12