Украинските власти ја отфрлаат можноста да се дозволи специјален статус на Донбас (регион во источниот дел на Украина), како и можност за ставање вето на одредени владини одлуки, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

– Ниту еден украински регион нема да има моќ да влијае на државните одлуки. Ова е врежано во камен. Нема да има посебен статус, како што замислува Русија, додаде Кулеба.

Шефот на украинската дипломатија истакна дека Киев работи на широка децентрализација, но истовремено е подготвен да работи и на имплементација на Договорот од Минск.

– Сепак, Договорот од Минск почнува со безбедносно прашање. На второ место е политичкиот дел. Така што сите мора да се фокусираат на безбедноста, додаде Кулеба во интервју за „Речпосполита“.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2022 15:25