Се забранува емитување на германската верзија од рускиот канал РТ (поранешна Раша Тудеј) во земјата, соопшти денеска германскиот медиумски регулатор.

– Забрането е емитување на телевизиската програма РТ ДЕ, која сè уште може да се гледа на веб страницата и мобилната апликација. Причината е тоа што неопходното овластување, согласно законот за медиуми, не е ниту побарано, ниту доделено, наведуваат од федералната агенција ЗАК.

На 17 декември, германскиот медиумски регулатор МАББ започна истрага против RT DE Productions GmbH, откако РТ го објави лансирањето на новинскиот канал на германски јазик RT DE.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2022 15:31