Денеска (2 февруари) од 14 до 17 часот полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги почитуваат обврските кон пешаците.

Во контролата, откриени и санкционирани се 19 возачи (ТЕ-15 и ГВ-4) кои не им дале првенство, односно предност на пешаците. На сите им се изготвени поднесоци и тие ќе се соочат со законски предвидените парични глоби.Во акциската контрола биле санкционирани и 16 други видови сообраќајни прекршоци ( ТЕ-13 и ГВ-3).

СВР Тетово ќе продолжи со вакви активности и во наредниот период и апелира до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците исто така да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2022 04:45