Три класа шестоодделенци, од вкупно четири во ОУ „Љубен Лапе“, во скопски Аеродром, денеска ја бојкотираа наставата на часот по математика поради несогласување со наставничката. За бојкотот учениците добиле поддршка од нивните родители.

Директорката на училиштето Маријана Панчевска уверува дека се работи на случајот да се открие дали има потреба од казни и дисциплински мерки за наставничката. И самата таа, оваа цела ситуација ја оценува како проблем на училиштето.

Директорката вчера поднела оставка на функцијата до градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој пак, потврди за писмената оставка и најави назначување на нов в.д. директор на училиштето.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2022 05:22