СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(69) и А.С.(41), двајца од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама“.

Б.С., како сопственик на правно лице, во договор со А.С., негов син, со цел да ги избегнат обврските кон нивните коминтенти и банките каде сметките на нивното правно лице биле блокирани по основ на доспеани долгови, во текот на март 2021 со лажно прикажување на факти обезбедиле и злоупотребиле лични податоци од оштетениот и го довеле во заблуда да потпише документи со кои сопственоста и обврските кои ги имало правното лице биле пренесени на него.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2022 05:22