Столица купена на пазар за стари работи во англискиот град Брајтон, во Источен Сасекс, се покажа дека е дело на познат уметник и потоа беше продадена на аукција за 16.250 фунти.

Жителка го купила столчето од дрво и ратан за пет фунти. Го донела дома, го разгледала и испратила неколку слики од парчето мебел до музејот Викторија и Алберт. Но, не добила одговор, па се обратила до аукциската куќа „Свордерс“. Стручњакот Џон Блек веднаш ѝ одговорил.

Се наведува дека столицата е создадена 1902 година од австрискиот уметник Коломан Мозер. По консултација со експерти од Виена, автентичноста е потврдена. Столицата е всушност реплика на традиционална столица од 18 век.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2022 14:51