Аукциската куќа „Кристи“ објави дека на наддавање во јуни ќе бидат понудени повеќе од 1.100 уметнички дела, мебел и скулптури што биле во сопственост на модниот дизајнер Ибер де Живанши.
Пред аукцијата, предметите ќе одат на патувачка изложба, која ќе започне во Палм Бич, САД (од 5 до 26 март), Њујорк (15 – 23 април), Хонг Конг, Кина (26 мај – 1 јуни) и Париз (8 – 17 јуни).
Живанши почина на 91-годишна возраст во 2018 година. Наддавањето кое го прославува исклучителниот вкус на познатиот моден дизајнер и неговиот животен партнер Филип Вене, почнува со прикажување на интернет на 8 јуни. Продажбата во живо ќе се одржи од 14 до 17 јуни во парискиот огранок на „Кристи“.