Црниот дијамант „Енигма“, тежок дури 555,55 карати, се нуди на повеќедневната аукција на „Сотби“ што почна вчера во Лондон.

Според аукциската куќа, ова е најголемиот брусен црн дијамант што некогаш се појавил на наддавање и најголемиот во светот според Гинисовата книга на рекорди од 2006 година. Таква дијамантска структура досега е најдена само во Бразил и Централноафриканската Република.

Според некои претпоставки, можно е таа да потекнува од Вселената, а повеќето карбонати се стари 2,6 до 3,2 милијарди години.

– Тие се обвиткани со мистерија за нивното потекло бидејќи нема многу вакви на Земјата, изјави геологот Арон Селестијан од Природонаучниот музеј во Лос Анџелес.

Тој верува дека истражувањето на дијамантите може да ни каже многу за минералогијата на Земјата и за развојот на Сончевиот Систем. Се очекува примерокот да се продаде за цена меѓу четири и седум милиони долари. Сегашниот сопственик го поседува веќе 20 години. Наддавањето завршува на 9 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2022 14:13