На 03.02.2022 во 11.55 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(23) од Скопје.

Тој бил баран по Централна потерница од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и два месеци за сторено кривично дело по член 385 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во Казнено-поправна установа Затвор Скопје за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2022 17:06