На 03.02.2022 околу 19.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода Н.М.(20) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

На 03.02.2022 во 20.30 часот на влезот на с.Колибари, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Л.Ј.(26) од Кичево, затоа што при преглед во возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, во кое се превезувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. Покрај ова, Л.Ј. физички нападнал и полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 03.02.2022 во 21.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ш.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.02.2022 во 23.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.02.2022 во 22.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле М.Т.(18) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и метална дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.02.2022 во 21.20 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го лишиле од слобода Д.П.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.02.2022, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Л.(32) од с.Дихово, битолско, бидејќи кај него било пронајдено и одземено пакување со марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

На 03.02.2022 во 16.49 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека при претрес кај осуденото лице Ф.И.(32) од Штип била пронајдена прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид и ја одзеле прашкастата материја за понатамошна постапка. По комплетирање на случајот против Ф.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2022 05:35