Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.02.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

Санкционирани се 89 возачи. При акциската контрола санкционирани се и 162 друг вид на сообраќајни прекршоци.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

„Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.“ - стои во соопштението на МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2022 13:21