Денеска (5 февруари) од 11 до 15 часот полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги почитуваат обврските кон пешаците.Во контролата, откриени и санкционирани се 22 возачи (ТЕ-14 и ГВ-8) кои не им дале првенство, односно предност на пешаците. На сите им се изготвени поднесоци и тие ќе се соочат со законски предвидените глоби.
Во акциската контрола биле санкционирани и 11 други видови сообраќајни прекршоци.СВР Тетово ќе продолжи со вакви активности и во наредниот период и апелира до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците исто така да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.