Во текот на изминатата ноќ (05/06.02.2022) во периодот од 20.00 до 02.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 145 пијани возачи.
Од нив, 33 на територијата на СВР Скопје, 29 на територија на СВР Битола, по 16 на територијата на СВР Штип и СВР Струмица... При акциската контрола откриени се и 200 други видови прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.