Во текот на вчерашниот ден (06.02.2022) на територијата на СВР Велес спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 18 возачи.

Од нив едно возило се движело со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, пет возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 13 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2022 12:11