Без вода денеска ќе бидат корисниците на дел од населба Ѓорче Петров 2, односно Дексион, како и улица „Индира Ганди“, дел од улица „Македонско Косовска Бригада“ и дел од Визбегово, информираат од јавното претпријатие „Водовод и Канализација“
Прекинот на водоснабдувањето во Ѓорче Петров е поради дефект на приклучна цевка на улицата „Борис Сарафов“, број 155, додека на останатите улици, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на улицата „Индира Ганди“ 31/33/.
Прекинот со водоснабдувањето ќе биде додека не се заврши санација на дефектот.