На 06.02.2022 од страна на полициски службеници од СВР Битола лишен е од слобода И.Ф.(22) од Битола, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка, дигитална вага и други предмети со остатоци од марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2022 13:42