ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека негови екипи во периодот од 31 јануари до 6 февруари покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенирале на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период, како што се посочува, биле спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод: поправка на огрлица на ул.„Крушопек”, поправка на уличен дефект на бул. „Видое Смилевски Бато” кај Жито, ул. 376 бр.105, ул.„Рокомија” бр.44, ул.„Сердарот” бб, ул. 5 бр.3 Добри Дол, ул.„Жеглање” бр.11, ул.„Иван Манолев” 57, село Глумово ул.1 бр.32, ул.„Цветан Димов” 132, ул.„Сава Михајлов” 10/2а, ул.„Томе Арсовски” 49, Копаница бб, ул.„Коста Абрашевиќ” 59, ул. „Љубо Петровиќ” 14 и ул. „Сава Михајлов” 18/41, поправка на вентили во шахта на ул.„Панче Неделковски” 69, ул.„Ѓорѓи Димитров” 38, ул.„Серава” 7/а и монтажа и замена на шибери на ул. „Перо Наков” кај Детоил и ул.„1615″ бб.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека продолжуваат посветено да работат на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2022 18:46