Припадници на специјална единица на германската полиција СЕК, на крајот на јануари во Есен упаднале во погрешен стан, па му се извинија на станарот со ваучер од 50 евра за купување од Амазон.
Во раните утрински часови на 25 јануари, луѓето на СЕК упаднале во станот, затоа што отишле на погрешен кат. Ја скршиле вратата од станот и, наводно, фрлиле шок-бомба. Но, кога почнале да апсат луѓе во станот, сфатиле дека настанала грешка.
Студентот бил буден и, сепак, претрпел последици. Околу две седмици по настанот, нему му е врачено извинување во облик на ваучер за купување на Амазон, коешто тој го смета за несоодветно. тудентот, застапуван од адвокатот Јерг Хуфер, тврди дека полицијата пуштила солзавец и му држела пиштол на главата, што сепак, има несакани последици.
Полицијата, пак, порекна дека му држеле пиштол вперен во главата и дека употребиле солзавец, наведувајќи дека брзата помош повикана кај станарите не констатирала повреди кај него.
Адвокатот тврди дека неговиот клиент се соочува со последици и не може да спие или да работи и затоа побарал психолошка помош.
Полицијата ги презеде трошоците за санирање на штетата во станот и лекување на младиот маж. Адвокатот смета дека неговиот клиент „има право на петцифрена отштета“ од полицијата.
Инаку, осомничениот за криминал по кого полицијата трагала, бил приведен само накусо.