Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 7 до 13февруари, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод:

- oтстранување на дефект на приклучна цевка на ул. Индира Ганди 31/33, ул.Иван Хаџиниколов бб и Полог 2а,

- дефектна водоводна мрежа од Ф 50 ммна ул.6 во населба Бардовци, ф-80мм на НароденФронт 17, ул. Козле 20/15, ул. Манчу Матак 5 и ул. Гаврил Константиновиќ 47,

- дефект на затворач ф-100 мм на ЛазарПопТрајков бб и ф-80мм на крстосницата ЧеГевара/НовЖивот,

- изведување на водоводен приклучок Ф100мм на ул. Македонски Кралеви 40,

- поврзување од стара на нова водоводна мрежа од ф 100/80мм наул. Иван Хаџиниколов бб,

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2022 16:17