Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје информира декабележи зголемен интерес за паркирање од страна на корисниците на сите паркиралишта со кои стопанисува, а особено на зоните А8, Ц45 и Ц46. Интерес има и кај смс паркирањето и кај корисниците со месечни дозволи.
Месечните дозволи се издаваат во зависност од категоријата на корисниците и од слободните места на паркиралиштата. Сакаме да ги известиме граѓаните дека цените за месечна дозвола за паркирање изнесуваат 4000 денари за физички и правни лица на зона А и 2000 денари на зона Ц.
Потенцираме дека за лица вработени во институции, месечната дозвола е на износ од 800 ден. Со тоа им нудиме можност на вработенитеда ја регулираат услугата паркирање по поволни услови.
Затоа, ги повикуваме сите заинтересирани корисници кои се вработени во институции кои со адресите или подружници се лоцирани на една од горенаведените зони:Ц45 која се наоѓа во кругот на МРТВ, Ц46 која се наоѓа покрај кеј Димитар Влахов (МКЦ) и А8 лоцирана кај стоковна куќа Мост, да се обратат во ЈП Градски паркинг- Скопје и да го регулираат паркирањето. Потребни документи за аплицирање се следните:
- Тековна состојба од Централен регистар,
- Потврда за редовен работен однос и
- Сообраќајна дозвола (на увид)
*Доколку сообраќајната дозвола не е на име на барателот, потребно е да се достави полномошно за управување на пмв заверено на нотар. Полномошното може да биде од исклучиво од роднина од прв наследен ред и тоа: сопружници, родители и деца, и лизинг.
За дополнителни информации граѓаните може да се обратат на телефонскиот број: 02 321 55 66, лок. 201 и 202 во период од 08:00-16:00 од понеделник- петок.