Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека американската администрација не гледа какво било повлекување на руските војници од границата со Украина.

– Наместо тоа, САД продолжуваат да гледаат дека Русија ги зајакнува своите капацитети и војници во изминатните неколку дена, нагласи Остин за време на прес-конференцијата во седиштето на НАТО во Брисел.

Тој додаде дека САД гледаат како Русија „лета со повеќе борбени авиони“, плус „ја засилуваат нивната подготвеност во Црното Море“, па дури и „ги чуваат резервите на крв“.

Остин исто така наведе дека САД гледаат како некои од руските трупи се „поблиску до границата“ со Украина во изминатите денови.

-Не толку одамна јас бев војник и знам од прва рака дека не ги правиш ваквите работи без причина и сигурно не ги правиш ако се подготвуваш да се спакуваш и да си одиш дома, и поради тоа ние и нашите сојузници ќе останеме внимателни, истакна .

Тој додаде дека САД се уште „собираат деталите“ за гранатирањето во украинскиот регион Донбас, при тоа истакнувајќи дека можеби нападот е преземен со цел Русија да има изговор за инвазија.

– Веќе некое време зборуваме дека Русите би можеле да направат нешто вакво за да оправдаат воен конфликт. Затоа, ќе го следиме ова многу внимателно, изјави Остин по состанокот со министрите за одбрана на НАТО.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2022 03:28