Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба денеска изјави дека на исток во државата е регистрирано пукање од тенк од проруски сили.

„Овие гранати пристигнаа од привремено окупираните територии на Украина, кои се под контрола на Русија“, рече Кулеба на прес-конференција во Киев по средбата со неговата британска колешка Лиз Трас.

Министерството за одбрана на Украина денеска соопшти дека проруските сили на истокот на Украина го прекинале гранатирањето во 13 часот по локално време.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2022 03:29