Двајца украински војници загинале во денешните насилства на линијата на фронтот со проруските бунтовници во источниот дел на земјата, соопшти украинската армија.

Како што пренесуваат некои светски агенции, ова се први смртни случаи меѓу украинските војници по повеќе од еден месец.

Во инцидентите се повредени четворица војници кои се хоспитализирани, се вели во соопштението на војската, која ги обвини сепаратистите дека извршиле 70 прекршувања на примирјето.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2022 04:29