Тимот на Леброн Џејмс ја совлада екипата на Кевин Дурант со 163:160 (47:45, 46:49, 45;45 и 25:21) на НБА Ол-стар натпреварот одигран ноќеска во Кливелнд.

За најкорисен играч на средбата (МВП) е прогласен Стеф Кари од Голден стејт кој средбата ја заврши со 50 поени и рекордни 16 реализирани тројки.

За тимот предводен од капитенот Леброн Џејмс ова е петта победа во исто толку натпревари по промената на формат во 2018 година.

Тимовите на Леброн ги победија тимовите на Јанис Адетокунбо (два пати), тимовите на Кевин Дурант (двапати) и тимот на Стеф Кари (еднаш).

Центарот на Минесота, Карл-Ентони Таунс победи во натпреварот за тројки, додека играчот Њујорк, Оби Топин победи во натпреварот во забивање.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2022 11:31