Украинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го повлекува својот висок дипломатски претставник во Москва на „консултации“ по руското признавање на двата сепаратистички региона.

Во соопштението на Министерството се наведува дека привремениот вршител на должноста Васил Покотило се враќа во Киев во врска со „незаконската одлука на Русија да ја признае „независноста“ на сепаратистичките региони Луганск и Доњецк.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2022 15:35