Едно од најморничавите места во светот, но истовремено и чудно шармантно катче е езерото Натрон во африканската држава Танзанија.

Водата од реките се влева во езерото, но може „да избега“ само со испарување. Како резултат на тоа, тоа е многу богато со талог. За разлика од другите солени езера, како Мртвото Море и Големото Солено Езеро во Јута, езерото Натрон е и доста алкално поради високите нивоа на натриум-карбонат (сода пепел) и натриум-бикарбонат (сода бикарбона), со пХ вредност до 12 – слично како амонијакот. Температурата на водата може да достигне 60 Целзиусови степени.

Имајќи на ум дека натриум-карбонат и топла вода се користат за отстранување на месото од коските во практичната наука, јасно е дека езерото не е погодно за туризам.

Тука можат да преживеат само неколку видови – главно микроорганизми прилагодени за екстремни услови и оние што се хранат со нив. А за оние од повисоката скала на синџирот на исхрана, многумина ќе речат, небаре „се претвориле во камен“… Сликите од птиците и од лилјаците се на фотографот-авантурист Ник Брант.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2022 12:46