Покрај ножевите, шишињата, лименките и острите алатки, има и други опасни предмети во домот – како што се освежувачот за воздух, полиците за книги или скалите, коишто предизвикуваат значително повеќе опасности и несреќи.

Домот е место коешто би требало да е безбедно за сите членови на семејството, но за жал, има и многу потенцијално опасни, а сепак вообичаени предмети и делови од градбата. Следат некои од тие „скриени опасности“…

Скали

Говорејќи за најчестите несреќи за човекот, падот е втората водечка причина за смрт – по сообраќајната несреќа. А, кога луѓето паѓаат дома, тоа е најчесто – по скали. Податоците покажуваат дека милиони луѓе секоја година посетуваат брза помош по повреди при пад по скали.

Постојат многу начини за скалите да бидат побезбедни, а особено препорачливо е да има добро осветлување и огради. Ова е особено неопходно ако има мали деца или постари луѓе во домот.

Када

Кадите се сметаат за една од најопасните работи во домот бидејќи давењето е водечка причина за несреќна смрт на деца секоја година. Решението е во надгледувањето, внимателноста и присебноста.

Сушалница

Можеби многумина не знаат, но уредите и машините за сушење алишта може да бидат сериозна опасност. Не само што машината е доволно голема за да собере цело дете, туку тука е и високата опасност од пожар. Топлината и ограничениот проток на воздух ги прават особено опасни ако машината не се одржува редовно.

Навлажнувач за воздух

Многу родители се потпираат на овие уреди заради здравјето на целото семејство. Сепак, тие може да направат и повеќе штета отколку корист, особено ако не се чистат правилно. По некое време, во освежувачите лесно може да се појави мувла што предизвикува многу проблеми, особено кај луѓето со алергии и астма. Редовните промени на водата и чистењето на уредот треба да бидат доволни за да се спречи сѐ тоа.

Камин

Општо земено, сите видови камини претставуваат повеќекратна опасност за семејствата, но камините на гас важат за особено поопасни, посебно за малите деца и домашните миленици. Покрај тоа што камините можат да предизвикаат сериозни изгореници на кој било член на семејството, може и да се прегреат блиските предмети, што потоа води до пожар во куќата. Затоа треба многу да се внимава и огништето секогаш да има доволно човечки надзор.

Полици за книги

Полиците за книги може да бидат голема опасност за семејствата со мали деца. Малечките, како и животните, се обидуваат да се качат на нив, па ако полицата за книги е нестабилна, може да се преврти и да ги повреди. Дури и ако полицата е донекаде цврста, децата можат качувајќи се, да паднат, па така да се повредат.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2022 15:19