Во четвртото тримесечје од 2021 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници e 778 илјади, во градско-приградскиот 10 922 илјади, во железничкиот 64 илјади, а во воздухопловниот превоз 396 130, објави денеска Државниот зваод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2021 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2020 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 6,5 проценти, во железничкиот превоз е зголемено за 0,9 проценти, додека во воздухопловниот превоз е зголемено за 6,8 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2022 14:44