СAД и Албанија повикаа на вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН в недела за да се усвои резолуција со која се повикува на „специјална седница на Генералното собрание на ОН“ в понеделник за руско-украинскиот конфликт.

Зеленски ги повика ОН да ја лишат Русија од нејзиниот глас во Советот за безбедност

За усвојување на оваа резолуција потребни се 9 гласа за 15-те членки на Советот за безбедност. Во согласност со ретко користената процедура, ниту една од петте постојани членки, вклучително и Русија, нема да смее да стави вето на свикување седница на Генералното собрание.

Целта на таа „специјална седница на Генералното собрание“ е „да ги натера 193-те членки на ОН да преземат акција“ за конфликтот, за „прекршувањето на Повелбата на Обединетите нации“ и, се разбира, за да се осуди војната, изјави дипломат за западни медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2022 03:09