Британскиот премиер Борис Џонсон и украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласија за време на телефонски разговор денеска дека светот треба да ја изолира Русија „целосно дипломатски и финансиски“, соопшти Даунинг стрит.

„Премиерот вечерва разговараше со украинскиот претседател Зеленски. Лидерите се согласија за потребата меѓународната заедница целосно да ја изолира Русија – дипломатски и финансиски“, се вели во соопштението од кабинетот на Џонсон.

Главната опозициска партија во Велика Британија претходно, го повика премиерот да го протера рускиот амбасадор. Дејвид Лами, пратеник на Лабуристичката партија, во изјава за Индепендент, нагласи дека амбасадорот на Русија во Лондон, Андреј Келин треба да биде протеран.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2022 03:09