Секторот за внатрешни работи(СВР)-Штип викендов реализираше две акциски контроли на подрачјето на општините од Брегалничкиот регион. Акциските контроли се за брзо возење и за управување на возила под дејство на алкохол. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во крими извештајот посочува дека вчера на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 43 прекршоци, од кои 29 надвор од населено место и 14 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.
Вечерта меѓу сабота и недела во период од 21.00 до 02.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
-Од извршената контрола било констатирано дека 13 возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози, се вели во соопштението од СВР-Штип.
Санкционирани биле и 11 други видови на прекршоци, од кои пет за управување возило без возачка дозвола, еден за нерегистрирано возило, еден за непрописно престигнување, три за некористење сигурносен појас и еден за непрописно паркирање.