Европската унија (ЕУ) и нејзините сојузници се подготвени да воведат дополнителни санкции против Русија, соопшти синоќа Елисејската палата.

Француското претседателство соопштението го лиферуваше по о видео конференциската врска на која присуствуваа претставници од Франција, САД, Велика Британија, Канада, Германија, Италија, Јапонија, Полска, Романија, ЕУ и НАТО.

„Ќе бидат воведени дополнителни санкции и тоа е приоритет во следните денови бидејќи приоритет е рускиот претседател Владимир Путин да ја плати цената на војната“, наведе Елисејската палата со соопштението по средбата.

Русија рано утрината на 24 февруари изврши напад врз Украина. Операцијата на Русија беше осудена од меѓународната заедница, а западните земји како одговор воведоа економски санкции кон Москва.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2022 11:08