Додека сè уште се води борбата за човечки ресурси, повеќе од 70% од компаниите работат на тоа да создадат поинклузивнасредина за да можат да го привлечат и задржат женскиот талент, ова е според истражувањето „Жените во бизнисот“ на Грант Торнтон, во кое беа вклучени менаџери на сениорски позиции од 5 000 компании и 29 економии.
Во раните денови од пандемијата, малкумина можеа да ги предвидат трајните ефекти кои Ковид-19ќе ги остави врз веќе воспоставениот начин на работа. Сега, кога поголемиот дел од светот се стабилизира, и стигна потврдата од бизнисот дека промена беше потребна, маршот кон поинклузивни работни практики за привлекување и задржување на поразновиден талент продолжува со ненамален интензитет. Скоро две-третини (57%) од менаџментот на малите и средни претпријатија очекува дека недостигот на вештини ќе биде главното ограничување нанивниот бизнис во годината која следи, истражувањето на Грант Торнтон покажува дека како одговор на тоа, 95% од менаџерите на малите и средни претпријатија сега преземаат активности да ги негуваат ангажирањето на вработените и да создадат култура на инклузивност.
Ким Шмит, глобалниотменаџер за човечки ресурси на Грант ТорнтонИнтернешнал, вели: „Борбата за таленти“ и “The Great Resignation” (Големата оставка) не покажуваат знаци на запирање а вработените имаат големи очекувања и предност во преговорите на досега невиден начин. Ние сме сведоци на зголемен број на инклузивни деловни практики кои се дизајнирани да привлечат нови вработени и да ги зачуваат талентите во развој. На крајот на краиштата, ова е од корист за многу жени кои во минатото биле ограничени со потрадиционалните пристапи на работа. Сега, тие имаат слобода на избор и јас очекувам дека оваа промена како и другите поинклузивни работни средини ќе останат и во блиска иднина.“
Како што новите начини на работа стануваат норма за многу организации, 73% од испитаниците очекуваат дека влијанието од Ковид-19 ќе продолжи да носи долгорочнакорист на развојот на траекторијата на кариерите на жените-зголемување од четири проценти во 2021. Ова може да биде показател дека се наѕирнува промена на хоризонтот, но, во меѓувреме, бројот на жените на сениорските менаџерски позиции го продолжува својот бавен напредок, растејќи само за еден процентен поен на 32% во 2022. Иако секој напредок може да се смета за позитивен во ерата на Ковид-19, оваацифра што порасна за само осум процентни поени во изминатите десет години, покажува дека напредокот се случува, но со споро темпо споредена со многу показатели за мерење на различности кои се покажале како најдобри во пракса.
Според Ким Шмит: „Сè она што е стекнато, може лесно да се изгуби, кога станува збор за вака постепен напредок. Како и секогаш, бизнисите можат да направат повеќе за не само да го обезбедат развојот, туку и да го забрзаат. Позитивните пазарни влијанија се добри и корисни, но без доследен и структуриран пристап кон половата еднаквост и различностите во општа смисла, може да сведочиме на запирање, па дури и уназадување на напредокот. Сега не е време да мируваме.“
Во 2021, нашето истражување откри дека соодносот на жените на сениорски менаџмент позиции го надминале важниот преломен праг од 30% за првпат. Сите глобални региони, сега ги имаат надминато решавачките 30%, вклучувајќи го и регионот APAC (Азија-Пацифик), што беше единствен регион кој не ја достигна оваа бројка во 2021. Размерот на компании кои имаат најмалку една жена во сениор менаџментот останува непроменлив на 90%.