Во организација на македонската кошаркарска федерација од денес до 6 март во Скопје ќе се одржува турнирот за млади кошаркари и кошаркарки „FIBA YDF FUND INTERNATIONAL TOURNAMENT 2022“.

Машката македонска репрезентација ќе настапи во состав: Жарко Терзиевски – КК Вардар, Ѓорги Цветковски – КК Феникс 2010, Христијан Миленковиќ – КК Спортисимо – Кавадарци, Љубен Ефтимовски – КК Вардар, Глигори Ѓорѓевиќ – КК Вардар, Лео Созовски – КК Јуниор Баскет Битола, Алексеј Нешовиќ – КК Вардар, Митков Андреј – Спортисимо – Кавадарци, Дамјан Данев – КК Вардар, Иван Мијалов – КК Куманово, Лука Пјевац – КК Вардар, Јосип Милковски – КК Куманово, Матеј Костов – КК Вибас. Селектор: Александар Јованчев, Помошници: Мартин Атанасовски, Марјан Ѓуров

Женската селекција на Македонија која ќе игра на овој турнир е составена од следните играчи: Теодора Мариновска – ЖКК Вардар, Јована Димовска – ЖКК МЗТ Скопје Аеродром, Ана Марија Ѓорѓеска – ЖКК Гостивар, Ана Станојкоска – Пробаскет Пробиштип, Јана Кукунешоска – ЖКК Струга 2009, Дора Алексовска – ЖКК Бадел 1862, Илина Несторовска – ЖКК Бадел 1862, Нарта Ферати – ЖКК Вардар, Сара Сулејмани – Шкупи, Теодора Ѓорѓиевска – ЖКК Бадел 1862, Теа Трајковска – ЖКК Вардар, Јана Пислевска – ЖКК Вардар, Милена Зафировска – ЖКК Баскет –КАМ, Мила Начевска – ЖКК Бадел 1862. Селектор: Јасмина Герасимовска Николиќ, Помошници: Пепа Ташева, Сања Костова

Во првото коло, женската македонска селекција ќе се сретне со Турција. Овој дуел се игра попладнево со почеток во 15 часот.

Два часа подоцна (од 17 часот) машкиот национален тим игра исто така со Турција.

Покрај овие две селекции, ќе учествуваат и: Романија, Бугарија и Косово.

Сите натпревари ќе се играат во СРЦ „Кале“.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2022 14:47