На бензинските пумпи ширум државата доцна попладнево се создадоа долги колони, откако на социјалните мрежи се раширија информации за можно истрошување на резервите од горива, иако надлежните институции и компаниите објавија дека имаат доволни залихи.
Граѓаните панично побрзаа да се снабдат со сите видови горива и во очекувањето од понеделник цените повторно да се зголемат, соодветено на растот на цената на нафтата на светските пазари. Некои освен во резервоарите на своите возила, полнеа и канистри, па дури и буриња.