Кошаркарите на Чикаго и Далас, Демар Дерозан и Лука Дончиќ, се прогласени за најдобри играчи во месец февруари, соопшти НБА лигата.

Дерозан минатиот месец го предводеше Чикаго до осум победи на 13 натпревари, со просек од 34.2 поени, 6.2 скокови и 5.2 асистенции. Постигна најмалку 30 поени на десет натпревари во серија, еден помалку од клупскиот рекорд што го држи легендарниот Мајкл Џордан.

Словенецот Дончиќ во просек постигнуваше 34.7 поени, со 10.3 скокови и 8.8 асистенции по натпревар, а Далас запиша седум победи и три порази во февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2022 02:14