Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, зборуваше за проблемите со кои се соочи тимот во последните натпревари.

Голден Стејт на вчерашната средба со Лос Анџелес лејкерс пропушти голема предност и му дозволи на противникот да ја прекине серијата од четири порази.

– За време на овој натпревар имавме таква типична ситуација. Не ги докрајчуваме противниците кога ќе се најдат во тешки ситуации. Правиме грешки и ги оставаме да се вратат во игра. А кога го дозволувате ова во НБА-лигата, тогаш сè е лошо за вас, изјави Кер.

Вориорс имаат осум порази во последните 10 натпревари.

Голден стејт и покрај лошата серија, се наоѓа на 2.место на табелата во Западната конференција. Тимот предводен од Кер има биланс од 43 победи и 21 пораз.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2022 14:39