Грузискиот кошаркар Торнике Шенгелија кој сезоната ја започна во ЦСКА Москва, потпиша договор со Виртус од Болоња.

Според „Кориере Болоња“, Шенгелија ќе ја заврши сезоната 2021/22 со Виртус и на лето ќе потпише долгорочен договор со Барселона.

Се истакнува дека во италијанскиот клуб Шенгелија ќе заработи 600 илјади евра.

Триесетгодишниот кошаркар во својата кариера има настапувано и за Валенсија, Шарлроа, Бруклин, Чикаго, Басконија.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2022 15:05