Зголемените цени на нафтените деривати, минималната плата, деловите за автомобилите, нелојалната конкуренција, односно таксисти без лиценци удри врз такси компаниите. Асоцијацијата на такси компании денеска во Штип имаше состанок за кој велат дека ова им е последна надеж. Тие најавија ќе достават барања до Владата и до општините.
Глигор Арсов, претседател на Такси 2003 Штип вели дека со трендот на покачување на горивата голем дел од комапаниите веќе затворија, а останатите, како што рече, одвај опстануваат.
-Ако оди горивото 90 – 100 денари значи тоа ќе биде 100 отсто покачување. Нашата официјална цена е уште 50 денари старт, ние со ново веќе би оделе на 100 денари, бидејќи тоа е реалноста на 90 денари гориво, со 100 денари само да ги покриеме основните трошоци, плата, делови. Мислам дека секаде со 100 отсто би се одело на покачување ако државата по можност не ги намали акцизите, вели Арсов.
Во изминатите две недели клуч на врата ставиле 20 такси компании во земјава. Доколку Владата не им излезе во пресрет на барањата очекуваат во наредните две недели да се затворат уште триесетина такси компании. Снабдувачите на нафтени деривати и остантите фирми со кои соработуваат за одржување на возилата бараат авансно плаќање. Муштерите деновиве ги известиле дека доколку сакаат секојдневен превоз со нив ќе мора да си платат на почетокот, а не на крајот на месецот. Побарале од општините зголемување на цените на такси услугите.
Тешка е ситуацијата и со такси услуата во Тетово, забележа потпретседателот на Асоцијацијата на такси превознци во државата, Зоран Томовски. Покрај цената голем проблем се и дивите таксисти.
-Најголема болка е дивото работење. Ние што работиме со лиценца, со пријавени од 15 до 50 вработени, како кој се соочуваме и со зголемување на минималната плата, а воедно и зголемување на цената на горивата. Знаеме колку е моќта на Македонија, знаеме дека сиромаштија е голема, граѓаните барем до болница не можат да отидат, а ние цената сакале или не мора да ја покачиме, рече Томовски.
Доколку се покачи цената на такси услугата најголемиот товар повторно паѓа на грбот на граѓаните од една страна, но од друга страна таксистите ги губат своите патници. Само за пример во Тетово вчера било највено покачување на такси услугата за десет денари, денеска 50 отсто од патниците не ја користеле оваа услуга.